(ВИДЕО) Милчин: Кога ова ќе помине, ќе биде Устав на ВМРО-ДПМНЕ, не на Република Македонија

Од:

Ова што сега се случува е обид да се забетонира нашата иднина во облик на најцрните идеи на она што можеби е идеологија на партијата која владее сега со нас, потпомогната од другата, помала.

Тие сега ја бетонираат инднината, се овековечуваат себи си во бетон и овој Устав и измени се бетон, тој е идеолошки, сега е до крај идеологизиран устав, кога ова ќе помине, а сигурен сум дека ќе помине, тоа ќе биде Устав на ВМРО-ДПМНЕ, не Устав на РМ. Како што, ако погледнете низ пенџере, нема да видите знаме на Република Македонија, туку ќе го видите знамето на ванчо-михајловистичката ВМРО.

Значи полека, нашата иднина се бетонира согласно на идеите на нашите властодршци кои сакаат да си обезбедат вечност, не во смисла на паметење, меморија, слава, туку материјална, конкретна, материјализирана вечност.

Една од околностите која тоа им го овозможи, е тоа што ние не бевме во состојба да ја согледаме навреме глобалноста на тој зафат, туку постојано се занимававме и се лимитиравме себи си на сегменти, на одделни феномени, па ги прогласувавме инциденти, работите кои беа само фази во остварување на правилото.

Не знам дали е доцна, но треба да се обидеме да го надминеме прашањето на сегментите, можеби тогаш имаме некои шанси, рече Владимир Миличин, режисер и извршен директор на ФООМ, на јавната расправа по нацрт амандманите „Наметнат Устав“.

Би можело да ве интересира

ПроПублика: Маск, Сорос, Безос не плаќале данок на доход со години

Ана Ололовска

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

ФООМ додели награди за средношколци и наставници

Ана Ололовска

Заев-Сорос: Македонија презеде клучни чекори за стабилност, безбедност и економски развој

Ана Ололовска

ФООМ бара итно повлекување на законската измена за заменици директори во јавните претпријатија

Наум Локоски

Сорос купил обврзници во Тесла

Наум Локоски