Милчин: Оберлустратор и неговиот куплерај

Од:

Владимир Милчин на својот фејсбук профил ја коментираше идејата да се укине лустраторската комисија.

dobivaj vesti na viber

„И пак заѕвони телефонот. И пак ме фатија на возење. Негде на патот меѓу Дахау и Аушвиц. Речиси симболично. А зошто ме бараа? За да ме прашаат што мислам за најавениот закон со кој во септември ќе завршела лустрацијата. Зашто Прибе побарал ревидирање на лустрацијата!? Не, туку зашто Грујо не сака ревизија. Зашто Грујо сака да избегне кривична одговорност. И зашто не само комисијата, туку и управните судови веќе се потрудија да му ги исполнат сите желби на самодржецот Грујо да се избербатат и живите и мртвите, оние кои не наведнале глави пред неговите “мисли и дела”. Завршена работа! Останува да се подзачисти малку и да се камуфлира улогата на Грујо како оберлустратор. А снимките од необјавените “бомби” покажуваат со колкав интерес и колку детаљно давал налози, нудел помош, колку бил нестрплив па барал и да присуствува на состаноците на оберкомисјијата на кои биле Гоца, Трајко, Томе, Зоран, односно “нивните”… оберкелнерите и оберкурвите во политичко—полицискиот куплерај на ситните души опиени од власта. Законот што ќе го донесе владеачката партија, поддржана од Ахмети и Тачи, е машата која треба да обезбеди амнестија за оберлустраторот и неговите послушници и едновремено да ја зацементира стигмата фрлена врз оние кои навремено укажуваа на заканата што се надвисна врз Македонија, опасноста од заговорот на фрустрираните души на власт. На тие фрустрирани озлобени души треба да им се суди и не треба да им се дозволи да се извлечат неказнето со итроштини дека веќе немало потреба од лустрација зашто комисијата успешно си ја завршила работата. Тоа каква работа завршиле Грујо, комисијата и судовите ќе мора да биде предмет на истрага и казна. Преку живи и мртви газевте, бре гадови, цели семејства во црно завивте!“.

Mеѓународниот суд за човекови права во Стразбур неодамна ја прифати тужбата на Владимир Милчин.

– Ако одлуката на Судот во Стразбур, доколку биде во наша корист, не велам само во моја, тој ќе побара и одговорност од тие кои тоа го правеле, изјави Милчин.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска