(ВИДЕО) Миланов: Сведокот има повеќе сознанија отколку што денеска кажа

Од:

Адвокатот Еленко Миланов на паузата од денешното рочиште за насилниот упад во Собранието на 27 април кажа дека според исказот на сведокот Мухамед Зеќири даден во обвинителството, сведокот има повеќе сознанија за кои денеска не сака да говори.

– Одбраната располага со исказот на сведокот во обвинителството и согласно тоа, сведокот Зеќири има многу повеќе сознанија за 27 април отколку денеска што се произнесе во исказот. Кои се тие сознанија не можам да кажам додека судот не ми го дозволи тоа, но можам да кажам само дека се од големо значење за судскиот процес, рече Миланов.

Тој на денешното рочиште побара судот да го оспори исказот на Зеќири поради различностите од неговиот претходен исказ во обвинителството.

Судијката Кацарска даде 15 минутна пауза за одлучување по ова барање на одбраната.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски