Миланов: Нинџа не беше ни во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ за да тврди дека обвинетите го организирале 27 април

Од:

Адвокатите на обвинетите за организација на настаните од 27 април денеска ги даваат воведните зборови за случајот. Премиерот Оливер Спасовски требаше да се појави како сведок, но неговото сведочење беше одложено поради тоа што во 14 часот Апелацискиот суд на јавна седница треба да одлучува за притворот на обвинетиот Јанакиески и ќе немаше доволно време.

Адвокатот Еленко Миланов кој е бранител на Вељаноски, Ристоски и Јанакиески рече дека одбраната ќе докаже дека никој не бил организатор на упадот во Собранието и дека Вељаноски го почитувал Деловникот.

Миланов рече дека ќе се докаже дека Јанакиески и Ристовски не биле на иста базна станица со Александар Василевски Нинџа, кој ги посочи двајцата како организатори. Миланов вели дека Нинџа воопшто не ни бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, немало организиран превоз од страна на Јанакиески и Ристовски до Собранието тој ден и дека во пораките што тие ги праќале до месните комитети немало ништо поттикнувачко или насилно.

На обвинителна клупа за организација на настаните од 27 април се експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски како и ексдиректорот на УБК Владимир Атанасовски.

Тие се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а за бегалците – експремиерот Никола Груевски и Никола Бошковски од УБК постапката беше запрена до нивно пронаоѓање, бидејќи едниот избега во Унгарија, а другиот во Грција.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски