(ВИДЕО) Миланов: Не постои никаков доказ дека Вељаноски, Јанакиески и Ристовски го организирале „крвавиот четврток“

Од:

Адвокатите на обвинетите за организација на крвавите настани од 27 април 2017, велат дека обвинението против Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски не е поткрепено со никакви докази и дека личи на „осуда на патриотите од 1948 година кога биле осудувани патриотите кои се бореле за независна Македонија“.

„Начинот на кој се води ова судење и начинот на постапување на обвинителството е во најдобрите традиции од 1948 година, кога врз основа на измислени сведоци, беа осудувани голем број патриоти кои се бореа за независна Македонија“, рече Јордан Апостолски, адвокат на поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

Адвокатот Еленко Миланов, пак, вели дека обвинението не се темели на никакви докази.

„Во конкретниот случај и од воведниот говор на самото обвинителство, не можевме да видиме посочување на ниту еден доказ. Не постои порака или организирање од Спиро и Миле на било кого. Не постои организиран превоз за тој ден, ниту доказ за такво нешто, а не може постапувањето по деловникот на Трајко Вељаноски да биде карактеризирано како тероризам“, рече Миланов.

Обвинетата „четворка“ денеска на јавната расправа пред судот кажа дека не чувствуваат вина за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Наредното судење е закажано за 9-ти март, кога обвинетите ќе го дадат својот воведен говор.

За сведоци ќе бидат повикани техничкиот премиер Оливер Спасовски, но и Михалил Младеновски, кој беше обвинет за првиот дел од предметот, а потоа и амнестиран. Тој за време на неговиот распит при судењето го посочи Владимир Атанасовски како еден од нарачателите.

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија