Мијалков шета сам низ затворскиот двор, но не се открива и дали е сам во ќелија

Од:

Ексдиректорот на УБК и осуденик во случајот „Таргет-Тврдина“, Сашо Мијалков веќе 19 денови ги поминува во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Тој од приемното одделение каде беше десет дена е преместен во притворското одделение, но од затворот поради безбедносни причини не откриваат во кој дел од зградата. Мијалков засега се нема пожално на здравствената состојба, а му се прават и редовни прегледи во затворската амбуланта. Оттаму нема конкретен одговор, каков безбедносен ризик има за Мијалков, но и дали е сместен во ќелија со други лица.

„Како и за секое притворено лице затворската полиција врши безбедносна проценка, и се преземаат безбедносни мерки, како за него, така и за сите притворени лица. Движењето на чист воздух му се овозможува секојдневно согласно правилникот за куќен ред. Согласно безбедносните проценки, притвореното лице Сашо Мијалков ова право го остварува изолиран од другите притворени лица“, вели директорот на затворот, Филип Андов за „А1он“.

Оттаму, немаат ниту поплаки на неговото однесување за време на издржувањето на притворот.

Сашо Мијалков е во притвор од 26 февруари, кога му беше изречена 12 годишна затворска казна за случајот „Таргет-Тврдина“ поврзан со масовното нелегално прислушување. Тој по судењето беше спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка поради опасност од бегство. Најдолго што може да остане се 60 дена, доколку во меѓувреме, не се покрене ново обвинение против него.

Обвинителката Ленче Ристоска го бараше притворот за Мијалков поради тоа што тој има дозвола за престој и регистрирана адреса во Прага, Чешка, каде што има и две возила на свое име, притоа го оцени како добро ситуиран кој поседува бизниси кои му овозможуваат да организира логистика и комотно живеење во странство.

Во меѓувреме, Обвинителството и натаму води истрага за бегството на Мијалков кога судот му одреди куќен притвор, а неколку дена пред изрекување на пресудата за „Таргет-Тврдина“. Засега нема никакви информации дали истрагата дала резултати и надлежните органи дознале, каде бил Мијалков додека по него беше распишана и меѓународна потерница.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков