Мијалков од затворот во Шутo Оризари пренесен во „Систина“

Од:

Ексдиректорот на УБК и првостепено осуден во два предмета Сашо Мијалков, од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е пренесен во клиниката „Систина“, дознава „А1он“. Тој е спроведен со одобрение на кривичниот суд. Неофицијално, се жалел на проблеми со очите и црвенило, па адвокатите барале да му бидат направени испитувања на очниот оддел во приватната клиника. Директорот на затворот „Скопје“, Филип Андов, кратко за „А1он“ вели дека е притвореникот е испратен на преглед.

„По барање на бранителите, со одобрение на кривичен суд, испратен на преглед во ‘Аџибаден Систина’ на Офталмологија“, вели Андов за „А1он“.

Минатата недела на проблеми со здравјето се жалеше и бизнисменот Орце Камчев, кој е во притвор поради опасност од бегство, а изречен поради предметот „Плацеви на Водно“, каде што е осомничен заедно со Мијалков. За разлика од ексдиректорот на УБК, Камчев беше на прегледи на државната Клиника за кардиологија, каде што остана четири дена, по што беше вратен во затворот во Шуто Оризари.

Ексдиректорот Мијалков беше спроведен во затворот во Шуто Оризари на крајот на февруари откако му беше изречена казна затвор од 12 години за масовното прислушување, односно судскиот процес „Таргет – Тврдина“. Притворот му беше продолжен сè до пресудата за судскиот процес „Трезор“ за набавката на опремата за нелегално прислушување каде што обвинителите одново побараа притвор за Мијалков сè до правосилност на пресудата. За случајот „Трезор“ Мијалков доби казна затвор од 8 години, која сè уште не е правосилна. За него се води уште еден случај, а тоа е „Тортура“, за апсењето на Љубе Бошковски. Наместо пресуда, за овој предмет судот побара дополнителни рочишта.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков