Мијалков на 31 јануари ќе го испрашува свиркачот Лазаревски

Од:

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ кое се однесува на незаконското следење на комуникации одложено за 31 јануари. Свиркачот Ѓорги Лазаревски заврши со давањето исказ пред судот, по што одбраната е на ред да му поставува прашања. Покрај адвокатите, право да постават прашање ќе имаат и обвинетите меѓу кои и првообвинетиот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков.

Судењето е одложено по барање на одбраната со цел подобро да се подготви поради исказот на Лазаревски во кој, како што велат адвокатите, содржи стручни термини. Под изговор за ефикасна правна заштита, тие побараа користење на технички советник од информатичката област за што СЈО смета дека е неосновано и дека одбраната има за цел само да ја одолговлечи постапката.

Лазаревски кој е еден од најважните сведоци во предметот, во својот исказ посочи дека прислушувањето го вршеле луѓе од УБК по наредба на раководството. Тој исто така во своето сведочење истакна дека имал закани по живот од поранешниот началник на петтата управа Горан Грујевски.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Амбасадата на САД го следи ослободувањето на Мијалков: Без оглед на судските одлуки, остануваат санкциите

Кристијан Ландов

Судскиот мониторинг покажува: Многу веројатно предметот за прислушкувањето и Мијалков да застари

Кристијан Ландов