Мијалков ќе бара врховните судии да му го укинат куќниот притвор

Од:

Откако судиите на Апелацискиот суд во Скопје вчера одлучија да го прифатат предлогот на СЈО и да му го продолжат притворот на ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, неговите адвокати најавија дека денеска ќе ја искористат законската можност и ќе поднесат жалба до Врховниот суд, идентично како во случаите со бизнисменот Орце Камчев и останатите осомничени во случајот „Империја“.

Ова следува откако Врховниот суд на општа седница донесе начелно правно мислење дека специјалното јавно обвинителство е неовластен тужител по рокот определен со Законот за СЈО.
Денеска врховните судии одлучуваат дали да ја прифатат жалбата на адвокатите на Орце Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ за тие да излезат од куќен притвор, бидејќи мерката им е побарана од неволастен тужител и надвор од рокот.

Покрај Сашо Мијалков, во истрагата „Империја“, опфатени се и Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски. Тие се осомничени дека направиле злосторничко здружување, оштетиле доверители, ја злоупотребилеслужбената положба и овластување, мамеле и переле пари.

Васко Маглешов 

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Триесет дена притвор за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он