А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мијалков, Џафери и Беџети се наредните сведоци за „Монструм“

by А1он21/02/2020 - 13:4821/02/2020 - 13:56819
Share0

Со сведочење на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање – УБК, Сашо Мијалков и советникот на поранешниот престедател Ѓорге Иванов, Синиша Алексовски на 27-ми февруари ќе продолжи рочиштето за предметот „Монструм“, кој се однесува за убиените момчиња и рибарот на Смилковското езеро во 2012 година.

Добивај вести на вибер

Како сведоци треба да се појават и поранешниот вицепремиер Муса Џафери и екс министерот за правда Блерим Беџети.

Покрај лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска сведочеше и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој за време на убиството бил гласноговорник на партијата, но и хирург во Државната болница. Тој рече дека за настанот бил информиран и оти за тоа разговарале партиските органи по што неколку дена по случувањата излегол на интервју и кажал за заклучоците на партиската средба. На прашање на обвинителот дали имал средба со Хаки Азири, Османи рече дека по неговото интервју наредниот ден го изненадила изјава на родителите на Азири дека тој ја знаел информацијата каде е нивниот син. Овие изјави на телевизиите, Османи го погодиле и преку роднини на осомичениот успеал да обезбеди средба со неговото семејство по која тие ја повлекле изјавата и работите станале појасни дека тој само информирал за партиските состаноци во врска со случајот.

По него денеска сведочеше и обвинителот Џелал Бајрами како тогашен заменик министер за внатрешни работи, во времето кога министерка за внатрешни работи беше Гордана Јанкулоска. Во одговор на едно од прашањата поставени од обвинителката Фатиме Фетаи, рече дека не се согласувал со изјавата на министерката Јанкулоска, која тогаш изјавила дека ги имаат сторителите на убиството, што според него, погрешила и не било договорено тоа да се каже, туку дека само истрагата е во тек и има осомничени лица.

Практиката да им се овозможи на медиумите да обезбедат инсерти од денешното рочиште, овој пат беше прескокната. Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев по реакција на новинарите пред сведочењето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека веќе започнало рочиштето и не дозволи да се снима и да се фотографира.

monstrum

Би можело да ве интересира

Убиен за 10.000 евра бидејќи се сомневале дека предал дел од обвинетите за „Монструм“

Катерина Ѓуровски28/05/2025 - 11:15

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Предраг Петровиќ15/09/2023 - 15:59

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Горан Наумовски06/09/2022 - 14:01

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он30/12/2021 - 16:21

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Катерина Ѓуровски16/09/2021 - 15:10

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов02/06/2021 - 11:3402/06/2021 - 15:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен