(ВИДЕО) Мијалков: Ако одлучи Апелација ќе ја одлежам казната во затвор

Од:

Ако одлучи Апелација ќе ја одлежам казната во затвор, рече поранешниот шеф на тајната слушна, Сашо Мијалков. Судот денеска го осуди Мијалков на три години затвор за случајот „Титаник 2“.

Тој во говорот пред судот за предлогот да му биде изречен притвор, по пресудата рече дека со ниеден гест досега не покажал дека мисли да бега.

„Со бегање не се решаваат проблемите.Стилот на моето живеење не е бегањето. Ако одлучи Апелација, јас ќе ја одлежам казната“, рече ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Тој кажа дека тврдењата на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи дека има опасност да избега без доказ и аргумент, се шпекулации и празни флоскули.

Судечкиот совет се повлече за да донесе одлука за барањето.

Претходно судот го осуди на три години затвор за поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков. Судечкиот совет составен од судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани и тројца поротници ги осуди на казна затвор од 3 години и два месеци години лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими на казна затвор од 4 години и 6 месеци.

Поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска добија казни од 3 години за незаконското поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година поради политичко влијание.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков