Михаил Трендафилов – Нанче е кандидат на ГДУ за градоначалник на Охрид

Од:

Михаил Трендафилов – Нанче е кандидатот на партијата Граѓанско-демократска унија (ГДУ) за градоначалник на Охрид.

„Граѓанско-демократската Унија (ГДУ) е првата партија што промовира кандидат за градоначалник на Охрид. Нашата цел е фундаментална промена на општеството како заедница на слободни и одговорни индивидуи кои се суверени и еднакви пред Уставот и законите на Република Македонија“, соопштија од партијата.

Како основни проблеми со кои се соочува Општина Охрид, во својот говор претседателот на ГДУ, Петар Колев, ги посочил презадолженоста на Општина Охрид и иселувањето на младите како резултат на недомаќинското работење на сите досегашни локални власти без исклучок.

„Претседателот Колев истакна дека и покрај фактот што градот се наоѓа под заштита на УНЕСКО и би требало да биде најсредениот, најчист и најподреден град, тоа не е така бидејќи повеќе од 27 години Градот не може да го реши проблемот со колекторскиот систем и редовно секоја сезона конкурентните туристички центри, особено од соседните земји, го користат овој факт како аргумент за оцрнувачка кампања против Охрид“, соопштија од ГДУ.

Во својот говор Колев рекол дека урбаната мафија, непочитувањето на законите, ги урнисуваат охридскиот шарм и убавината.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство