А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мигрантите во фокусот на Меѓународната научна конференција во Штип

by А1он03/09/2015 - 15:46188
Share0

Миграциската криза, актуелните геополитички случувања во светот, но и состојбите со партиите и медиумите се во фокусот на научните трудови кои денеска и утре ќе бидат презентирани на втората меѓународна научна конференција на Штипскиот универзитет.

Следете a1on на Instagram Instagram

Иван Илиќ од Правниот факултет во Ниш, Србија, рече дека на Балканот, Македонија и Србија кои не се членки на ЕУ, на свој грб ги носат најголемите проблеми со мигрантите. Македонија, смета Илиќ, има право што ја контролира својата граница и бара легален влез на мигрантите.

– Македонија и Србија се дел од некоја вештачка бегалска криза. Се поставува прашањето, зошто мигрантите ги враќаат во Србија или Македонија кога не дојдоа од овие земји, туку од Грција која е членка на ЕУ, зошто таму не ги враќаат, истакна Илиќ.

Деканот на штипскиот Правен факултет Јован Ананиев нагласи дека во политичките науки има едно правило, нема решение на криза, туку надминување на проблемот, а науката е овде тоа да го понуди.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според Блажо Боев, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“, научните конференции на факултетите ќе станат секојдневие за професорите и вработените, а секако и за студентите, кои треба да учат од нив. Тоа во наредниот период ќе биде секојдневие и на штипскиот универзитет.

На конференцијата се пријавени повеќе од 150 трудови со учесници од 18 земји од светот. Трудовите се однесуваат на повеќе општествени дисциплини како правото, политичките науки, социологијата, медиумите и комуникациите.

Конференцијата ја организира Центарот за правно-политички истражувања при Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип во партнерство со Факултетот за право, политички науки и криминологија при Универзитетот во Лиеж, Белгија, како и Правниот факултет при Државниот универзитет во Воронеж, Русија.

migranti

Би можело да ве интересира

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 14:09

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ04/08/2026 - 17:5404/08/2026 - 17:56

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он02/08/2026 - 08:36

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 14:4731/07/2026 - 14:47

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

Горан Наумовски31/07/2026 - 11:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео