Мигрантите интензивно се пренесуваат од јужната граница кон Табановце

Од:

Поради напливот на мигранти кои пристигнуваат во прифатниот камп на нашата јужна граница, изминативе два-три дена интензивиран е превозот на мигрантите од Гевгелија кон Табановце.

Од железничката станица во Гевгелија соопштија дека во изминатово деноноќие со четири специјални возови од Гевгелија за Табановце се превезени околу 2.500 мигранти. Утрово од Гевгелија за Табановце замина уште еден воз со околу 600-ини мигранти, но железничарите велат дека на станицата во Гевгелија имаат подготвено уште два воза кои чекаат на утовар во текот на денот.

Според оценките на УНХЦР, изминативе два до три дена од јужната кон северната граница низ земјава транзитирале вкупно 10.000 мигранти, од кои најмногу околу 6.000 биле регистрирани во понеделникот.

Според оценките на УНХЦР, изминативе два месеци низ земјава транзитирале околу 60.000 мигранти на својот пат кон саканата дестинација.

Превозот на мигрантите и утрово се одвива интензивно, претежно со автобуси и такси-возила. Утрово од Гевгелија кон Табановце заминаа 30-ина автобуси и исто толку такси-возила кои превезуваат повеќе од 2.500 мигранти. Организираниот превоз засега се одвива нормално и без некои посебни потешкотии.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море