Владата на Заев сите нас нѐ задолжи 2 милијарди евра, можете ли да се сетите барем на еден видлив проект со кој животот станал подобар, ги прашува Христијан Мицкоски граѓаните, преку својот фејсбук профил.
„Почитувани граѓани,
почитувани уметници и културни работници,
почитувани стопанственици, сопственици на мали и средни бизниси,
почитувани доктори и здравствени работници
почитувани работници, невработени, стечајци,
почитувани земјоделци,
почитувани професори, наставници, студенти, средношколци,
почитувани синдикати, организации и здруженија,
Владата на Заев сите нас нѐ задолжи 2 милијарди евра, можете ли да се сетите барем на еден видлив проект со кој животот станал подобар?“, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
