Мицкоски за католичкиот Божик: Да ставиме крај на поделбите и омразата и да го вратиме достоинството и мирот во секој од нас

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати божикна честитка до скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.

„Празнувањето на овој голем чин во историјата на човештвото, претставува најинтимен и најрадосен момент, во душата на секој еден верник и следбеник на Христовото учење. Божик е најсветиот христијански празник кој го празнува раѓањето Христово, најсветол ден во животот на секој христијанин, празник кога се негуваат убавите мисли и дела. Почитувањето на традиционалните вредности, толеранцијата на различностите е нашиот заеднички идеал, кон кој сите ние се стремиме“, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додава дека се наоѓаме во период преполн со предизвици за државата и сериозни препреки во нашето општество, па потребно е обединување.

„Повеќе од било кога во минатото, денес потребно е обединување, да ставиме крај на проблемите кои со децении се провлекуваат во нашата земја, поделбите и омразата, да го вратиме достоинството и мирот во секој од нас, да работиме и да создаваме за нашата заедничка татковина. Потребно е враќање на спокојот и сигурноста, прогонот, притисоците и поделбите да ги замениме со толеранција, вистински соживот и враќање на вербата во луѓето. Неправдата да биде замената со правда, а вредностите и принципите да бидат составен дел од нашите животи“, додава Мицкоски во божикната честитка.

Ваквите празнични моменти, вели тој, носат светлост во секој дом, но и служат како потсетување дека божиќната радост треба да биде споделена, со ближните, пријателите и соседите. Овие празнични моменти, како што додава Мицкоски, носат порака за мир и разбирање помеѓу луѓето

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он