Мицкоски: За 5 години владата на СДСM го зголеми јавниот долг за 2,916 милијарди евра

Од:

Во периодот од 1ви јануари 2018 година до 31ви декември 2022 година, за пет години владата на СДСМ го зголеми јавниот долг од 4,787 милијарди евра на 7,703 милијарди евра, или за 2,916 милијарди евра, а државниот долг за истиот период е зголемен од 3,958 милијарди евра на 6,581 милијарди евра, или за 2,623 милијарди евра објави на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој смета дека зголемувањето на јавниот и државниот долг во последните пет години е поголемо од зголемувањето на јавниот и државен долг за периодот од претходните четиринаесет години, од 1 јануари 2003 година до 31ви декември 2016 година.

„За пет години успеаа да го зголемат јавниот и државен долг повеќе отколку претходните влади за четиринаесет години. Криминал и корупција. Тендери во четири очи. Пљачка и лаги. Потребни се избори за Македонија да почне да победува. Потребни се избори за крај на политичките криминалци и измамници“ напиша Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?