Мицкоски: Во среда протест против неправдата, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

Од:

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за утревечер најави нов протест во Скопје преку кој, како што наведе во објава на Фејсбук, ги повикува граѓаните да протестираат против неправда реваншизам и насилство на мафијата на Заев.

Тој преку прашања наведува повеќе работи за кои истакнува дека одговор е протест.

Поминаа неколку дена, има ли осомничени за крвавите шипки по главата на критичар на власта?Поминаа 4 години, оваа иста,…

Posted by Hristijan Mickoski on Вторник, 22 септември 2020

– Поминаа неколку дена, има ли осомничени за крвавите шипки по главата на критичар на власта? Поминаа 4 години, оваа иста, стара и потрошена влада направи ли вистинска борба против криминалот и корупцијата или станаа мафија? -Кога Луј Витон судството носи “трас-трас” одлуки кои ги диктира Заев -Кога шипките и тупаниците се одговор кон критичарите и опозицијата -Кога власта врши прогон кон медиуми и ВМРО-ДПМНЕ за законско рекламирање, а молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ, а обвинителството тоа не сака свесно да го види. Кога мајка оди во затвор затоа што купила државен автомобил кој и сега го користи мафијата, а во исто време троши 8 милиони евра за набавка на нови службени возила истата таа мафија. Кога невини се во затвори затоа што ја сакаат Македонија, а нивните семејства страдаат. Кога судството го штити криминало. Кога обвинителството молчи за рекетот, панамските пари и бизнис зделки на Заев-Дака за милионски бизниси во Тетово. Кога обвинителството не сака да го види криминалот во Еуростандард. Одговорот на сето ова е протест. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во среда во 18 и 30 часот да протестираат против неправда, реваншизам и насилство на мафијата на Заев, стои во објавата.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски