Мицкоски во Чаир: Пендаровски за кандидат е избран во мафијашки стил

Од:

Пендаровски за кандидат е избран во еден мафијашки стил подржан од профитери на сите неуспешни политики во Македонија, додека пак Сиљановска Давкова значи за една успешна жена, човек
без дамка во нејзината професија, заштитник на правото и правдата, рече денеска Мицкоски во Чаир, додавајаќи дека покрај овие кандидати граѓаните многу лесно можат да направат избор а тоа ќе го направат и на 21ву април и на 5ти мај кога ќе дадат целосна поддршка за Сиљановска Давкова.

На овие избори од една страна го имаме Стево Пендаровски кој е производ на таа Хилтон коалиција договорена низ скопските хотели, поддржан од сите оние профитери на сите неуспешни политики во Македонија, а од друга страна Гордана Сиљановска Давкова, човек без дамка во кариерата, заштитник на правото и правдата. И тука изборот е јасен, многу лесен и предвидлив.

Имаме работа со власт која е одлепена од реалноста, го слушам како Заев вели дека идентитетот
бил зациментиран како бетон, а го видовме како се срамеше да ја интонира Македонската химна пред владата. Човекот вели дека бензинот поскапел само 3 денари во неговиот мандат, лаже и без око да му трепне зошто не знае како живее обичниот човек.

На овие избори ќе ги освети народот кој ќе им ја каже вистината дека е време за правда за Македонија, вели Мицкоски.

Тој додаде дека Заев и СДСМ се изгубени од реалноста, коментирајќи ја вчерашната изјава на Заев во една емисија каде што кажа дека не се сеќава дека со неговата владата поскапела само нафтата за 3 денари. Според Мицкоски Заев е целосно одлепен од реалноста и секојдневието во Македонија.

Сакам неколку зборови да кажам за оној митинг кој што требаше практично да биде собир на наши сограѓани во знак на поддршка на Пендаровски Стево во Скопје, во неделата се сеќавате пред два дена. Таму излезе Зоран Заев и како што вообичаено бива се излажа човекот, вели го заштитил идентитетот ама не само што го заштитил идентитетот туку го зајакнал и со арматура.

Толку бил цврст што поцврст не можел ни да биде. Го слушам и се чудам што му е на човекот. Но,
вчера кога го слушав за онаа математиката за бензинот, дека само нафтата за 3 денари поскапела откако он е премиер, јасно ми е дека е одлепен од реалноста, дека нема вистинска претстава како живее македонскиот граѓанин, без разлика на неговата етничка припадност, дали е Македонец, дали е Албанец, Турчин, Влав, Србин, Бошњак, Ром, без разлика, сфатив дека човекот целосно нема вистинска претстава што е секојдневието во Република Македонија, потенцираше Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Разликата по вчерашниот изборен ден е цунамито кое се крева, народот се излеа и тој бран на промени ќе ја порази оваа власт

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Мицкоски: Се слушнав со Таравари, во деновите што следат ќе разговараме со сите кои се против политиките на СДСМ и ДУИ

Анита Петровска Рајковиќ