Мицкоски во Бутел: Мора да стегнеме заби бидејќи деспотот е на колена

Од:

-Во Бутел победуваме. Народот е на нозе и огромното мнозинство се спротивставува на оваа деспотска власт. Ни треба милиметар повеќе за победа на деспотот, за победа на правдата и ставање крај на сите неправди. Губат, губат на анлетите губат кај народот, и многу брзо ќе се соочат со законот и сите неправди кои стојат зад нивната работа. А во Македонија ќе имаме триумф на правдата за која се изборил народот, посочи Мицкоски денеска во Бутел.

Тој пред граѓаните на Бутел истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е во значителна предност во однос на СДСМ и Гордана Силјановска Давкова во однос на Стево Пендаровски.

-Очекувам дека на 5 мај во недела резулатати ќе бидат уште поубедливи, рече тој.

Но, за да дојдеме до таа убедлива победа потребен е уште еден дополнителен чекор бидејќи милиметри ни недостасуваат да триумфот биде комплетен, да ја отвориме вратата за предвремени парламентарни избори, да победиме на тие предремени парламентарни избори, а потоа да ги засукаме ракавите и да работиме и да си ја кренеме татковината од пепел и даја вратиме онаму кадешто и е местото, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски од Бутел рече дека ќе биде тешко за претседателските избори бидејќи изминатиот период граѓаните беа изложени на закани, уцени, злоупотреби.

-Но, мора да издржиме , мора да стегнеме заби бидејќи деспотот е на колена, овие политички измамници ги чекорат последните чекори во нивната политичка кариера, порача Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

Мицкоски: Трендафилов е прокси на опозицијата, протестите на ССМ имаат политичка заднина

Горан Наумовски