Мицкоски во Брисел се виде со Вархеји

Од:

Европските перспективи, како и актуелните случувања во земјава, биле тема на денешната средба во Брисел на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот на партијата Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски со комесарот за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји.

-Државата уште во 2009 година ги исполни сите критериуми за старт на преговорите, но спорот со Бугарија за кој Заев не убедуваше дека ги затворил сите отворени прашања, преставува непремостлива пречка. Она што дополнително загрижува е отсуството на план на Владата за излез од не само економската, туку политичка криза наметната поради застојот на интеграциите, истакнал Мицкоски на средбата.

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочил дека се забележливи злоупотребите кои власта ги прави со европските вредности, а најеклатантен пример, како што кажал, е воведувањето на поголеми давачки за граѓаните преку злоупотреба на европското знаменце.

-Не сум тука да создаваме препреки на патот кон ЕУ, туку да создадеме позитивна клима за државата да се придвижи напред, а тоа е можно со чесен и искрен пристап, посочил Мицкоски и додал дека патот кон ЕУ нема алтернатива.

Како што се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, соговорниците ги потврдиле добрите и пријателски односи, како и заложбите за соработка на патот кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски