Мицкоски: „Внимавајте, криминалци шетаат по улиците, не им отворајте“ е реакцијата на народот за кампањата на СДСМ

Од:

При денешната посета на општина Гази Баба, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на кампањата на СДСМ „рамо до рамо„ истакна дека реакцијата на народот за кампањата на СДСМ е „внимавајте, затварајте ги дворовите, заклучете ги вратите, криминалци шетаат по улиците не им отворајте“.

„Мудроста на народот е најголема, и таа е неприкосновена, еве јас ќе искористам еден коментар кој што често пати го читам и го следам на социјалните медиуми. Одговорот на народот на оваа кампања на СДСМ е „внимавајте криминалци шетаат по улиците, не им отворајте“ ете таа е реакцијата на народот за кампањата на СДСМ, велат внимавајте затварајте ги дворовите, заклучете ги вратите, криминалци шетаат по улиците не им отворајте. Тоа доволно говори како ќе помине оваа кампања на СДСМ. Инаку ВМРО-ДПМНЕ е континуирано со народот, ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и на ВМРО-ДПМНЕ кампањата трае 365 дена во годината. Само оние политичари кои што се забегани од власт и опиени од моќ и пари мислат дека со неколку скапо платени билборди и неколку скапо платени спотови дека ќе можат да корегираат нешто повеќе, но тука се лажат, и ако се навистина толку сигурни во својот капацитет еве јас им велам излезете на избори па да видиме“ нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците