(ВИДЕО) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не одлучила дали ќе учествува на референдумот

Од:

Потребни се реформи во економијата, образованието и здравството, а не криминални иновации, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски според кого СДСМ не направиле ништо од тоа што ветиле.

ВМРО-ДПМНЕ се уште нема донесено одлука дали ќе учествува на референдумот, рече лидерот, кој истакна дека ќе мора да завршат консултациите пред да излезат во јавноста со официјален став.

„Погрешен одговор е полош од никаков“, рече Мицкоски и додаде дека кампањата на Владата е веќе во напредна фаза.

„Владата нема капацитет да се справи со еден ваков предизвик каков што започнала. Владата кампањата ја темели дека го зачувала идентитетот, а ги прашувам ‘Како го зачувале, кога идентитетот во институциите е изгубен?’“, истакна Мицкоски.

Според него, граѓаните ќе победат ако има одговорни политичари.

„Имаме една егзибистионистичка и туристичка власт. Нам ни се потребни реформи“, додава Мицкоски.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски