Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека неговата партија ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата во парламентот, но истовремено ќе интервенира амандмански во законот и ќе побара доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места, кога се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата.

„Да има за сите, а помалку да има корумпираната Влада да краде. Очекуваме веднаш ребаланс на буџетот и зголемување на дотациите за општините од страна на Владата за целосно почитување на правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата“ вели претседателот на најголемата опозициска партија.

Мицкоски вели дека тој и неговата партија очекуваат од СДСМ конечно да се оддели од политиките на Зоран Заев и да ја поддржи декларацијата за Ѓорѓи Делчев, и како што напиша барем еднаш да покажат дека навистина им значат македонските национални интереси, а не криминалот на кланот кој од позадина ја води партијата и владата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница