Мицкоски упати честитка по повод почетокот на Рамазанските пости

Од:

„Почитуван реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, почитувани членови на Ријасетот, почитувани граѓани на Република Македонија од исламска вероисповест,

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам почетокот на Рамазанските пости.

Овие денови се денови на сплотеност, семејна хармонија и добродетелство кон блиските, роднините, пријателите и соседите.

Рамазан е најсветлиот месец во исламот, месец каде се покажува великодушноста спрема сиромавите со надеж за милост и бериќет

Богоугодноста, секое хумано дело и заедничко разбирање се придонес кон подобро општество и унапредување на нашето најголемо богатство, соживотот и толеранцијата.

Македонија е земја на етнички, културни и верски различности и затоа взаемната почит е суштинска за нашиот напредок на секое поле.

Ви посакувам светиот месец Рамазан да Ви помине во лесен пост со радосни празнични денови.

Нека радоста, милоста и добродетелството Ве следат во текот на целиот пост, целата година и за целиот Ваш живот, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче