Мицкоски: Трите барања на Петков се порадикални од тие на Каракачанов

Од:

Трите барања на Петков се порадикални и од тие на Каракачанов, затоа што тој вели Декларацијата од парламентот која ако ја погледнете е асимилаторска и хегемонистичка, потоа Бугарите во Уставот и на крај вели Договорот за добрососедство, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес конференција.

Мицкоски истакна дека нема некој нормален кој ќе ги прифати овие барања на Петков кој со ултра радикален национализам само се обидува да опстане на власт во Бугарија.

– Јас не знам кој нормален во Македонија тоа ќе го прифати. Не знам дали има таков човек, па дури и овие за кои мислиме дека се комплетно отсутни кога станува збор за националните интереси, дури ни тие не може да го прифатат. Ова што го гледам сега е обид на Петков да ја одржи каква таква коалицијата во Бугарија со ултра радикален национализам, се гледа дека човекот политички лута. Од либерал кој ни се претставуваше тука дека има отворени сфаќања дека ја гледа европската перспектива до сега ултра тврди националистички барања, изјави Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека тие барања на Петков се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ и дека потребни се гаранции од Бугарија дека нема да има отворени прашања, но и да се поништи декларацијата изгласана во бугарскиот парламент.

– Додека не видиме гаранции на маса со кои се поништува резолуцијата од ноември 2019 година и исто како во 2008 година кога владата на Борисов бараше од владата на ВМРО-ДПМНЕ тогаш да напише на писмено дека нема отворени прашања за што владата на Борисов се сложи. Исто како кога Македонија влегуваше во НАТО, кога владата на Борисов велеше дека нема отворени прашања, таков еден документ треба да издадат за има основа да дискутираме за се останато, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека се дотогаш нема поента на тие преговори, односно дека после оваа изјава не гледа причина зошто преговараме со Бугарија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оваа Влада гради и реализира, наместо да ветува

Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините, најави премиерот

ВИДЕО: Мицкоски вели дека опозицијата ги радикализирала барањата за да нема договор за Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Можеме да прифатиме и гласање преку пошта, само да обезбедиме побројно гласање на нашата дијаспора

А1он

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок

Мицкоски вели може да се преговара за начинот на гласање на дијаспората

Катерина Ѓуровски