Мицкоски: Средбата со Фон дер Лајен беше содржајна и пријателска – ја демантирам опозицијата

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека посетата и средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, биле исклучително квалитетни, содржајни и пријателски демантирајќи ги, како што рече, толкувањата на опозицијата дека изразил незадоволство од нејзините пораки или од застојот на патот кон ЕУ.

– Видете, јас тоа го слушнав од опозицијата и од одредени медиуми блиски до опозицијата. Мислам дека не само што не ја говорат вистината, туку и се обидуваат сега и да ја искривуваат вистината. Јас, напротив, кажав дека имавме исклучително квалитетен, содржаен, пријателски состанок и дека сето она што во иднина претставува лична посветеност и посветеност на Европската Унија нè мотивира да продолжиме по патот на реформите и така и ќе продолжиме во периодот што следува – истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој нагласи дека претседателката на Европската комисија укажала на инспиративната работа на Владата во однос на реформите и евроинтегративниот процес.

– Јас само ќе кажам дека претседателката Фон дер Лајен како никогаш досега рече дека оваа Влада прави инспиративна работа за реформите и за сето она што е посветено на приклучување на државата кон Европската Унија. Така што, јас очекувам дека во периодот што следува, конечно, ќе можеме сите ние да го интензивираме овој процес и да најдеме решение од ситуацијата во која се наоѓаме – нагласи премиерот.

Во однос на конкретната средба со бугарската страна, премиерот повтори, по совет од претседателката на Европската комисија, дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија побарало средба, но сè уште нема одговор.

– Што се однесува до разговорот, јас ќе повторам, добив совет од страна на претседателката на Европската комисија, кој го прифатив. Го замоливме министерот за надворешни работи и надворешна трговија да побара средба, тој тоа го направи. Сè уште немаме одговор, когa ќе добиеме, тогаш повеќе ќе можеме да коментираме – изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Урсула Фон дер Лајен во Скопје

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

ВИДЕО: Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно, Филипче за Мицкоски