Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

Од:

Денес е значаен момент за нашата држава. Со формирањето на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, ја потврдуваме нашата јасна и силна определба Македонија да се позиционира како земја на знаење, наука, истражување, иновации и модерна, конкурентна економија, изјави премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на конститутивна седница на Советот за иновации.

Мицкоски нагласи дека како Влада преземаат целосна одговорност да ја водат оваа трансформација и оти овој Совет не е само формалност, туку инструмент на стратешка промена и механизам преку кој науката, истражувањето и дигитализацијата ќе станат двигатели на економскиот раст.

– Денес светот се менува со огромна брзина. Дигитализацијата, новите технологии и истражувањата го дефинираат напредокот на нациите. Нашата цел е јасна – да создадеме услови во кои знаењето ќе се претвора во иновација, иновацијата во производ, а производот во нови работни места и подобар животен стандард за граѓаните, рече премиерот.

Истакна дека самата структура и состав на Советот, кој ги обединува клучните министерства и ресори, академската заедница и експертите од различни области, гарантира интегриран и стратешки пристап во носењето одлуки.

Додаде дека ова тело ќе обезбеди координација помеѓу образованието, науката, дигиталната трансформација и економските политики.

– Нашата цел е мерките да бидат конзистентни, транспарентни и ефективни, со јасни индикатори и мерливи резултати. На оваа прва седница го усвојуваме клучниот документ за следните четири години – Четиригодишната програма за поттикнување на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото. Оваа програма не е само административен акт. Таа е визија за развој заснован на наука, истражување и дигитализација. Таа создава рамка за поддршка – од првата идеја, преку истражувачки развој и пилотирање, до целосна комерцијализација, посочи Мицкоски.

Тој потенцира дека со оваа политика создаваме основа за отворање нови, квалитетни и добро платени работни места.

– Поддржувајќи ги стартапите, технолошките компании, истражувачките центри и иновативните мали и средни претпријатија, директно инвестираме во подобра економија – економија што создава вредност, извезува знаење и гради долгорочна стабилност. Во координација со Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација и Министерството за економија и труд како креатори на политиките, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА е главен имплементатор на програмата. Но, успехот нема да биде резултат на една институција – туку на заедничка работа. Владата, ИНОВА, универзитетите, истражувачките институти, приватниот сектор и претприемачите мора да дејствуваат како единствен екосистем, рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека овој Совет испраќа јасна порака дека Македонија избира економија базирана на знаење.

– Избираме инвестиции во наука и истражување. Избираме дигитална трансформација. Избираме нови работни места, повисока продуктивност и подобар стандард за сите граѓани. Време е идеите да ги претвориме во конкретни проекти, истражувањата во решенија, а визијата во реални резултати, заклучи Мицкоски на конститутивната седница на Советот за иновации.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни