Мицкоски: Следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бензините

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува следната недела да има поголемо намалување на цената на дизелот и на бензините, откако вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти.

Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за покапувањето, но и за тоа дали се планира некакво намалување на акзиците или на ДДВ-то, истакна дека акцизите се анализираат на секои две недели, а следната анализа е заклучно со 31., кога ќе се направи просекот за тој период.

– Знаете дека на секои две недели се анализираат акцизите. Сега завршува втората половина од месецот и веќе во понеделник ќе направиме просек за тој период. Врз основа на тие параметри ќе се делува врз цената на нафтените деривати. Добро е што веќе два дена по ред цената паѓа. Денеска се стабилизира некаде околу 85-86 долари за барел, така што веќе следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бензините. Она што е важно е дека ова е берзански производ и сите држави купуваат од ист пазар. Ние, како држава, имаме убедливо најниска цена на дизелот и безоловниот бензин во регионот, па и меѓу најниските во Европа – нагласи Мицкоски за време на посетата на општина Илинден.

Според одлуката на РКЕ, од полноќ, максималната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 95 денари за литар. Како причина за корекцијата на цените, од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светските пазари бележат раст.

Од РКЕ нагласуваат дека станува збор за максимално утврдени цени и дека трговците на големо и мало можат да ги формираат цените на нафтените деривати и на пониско ниво од утврдените највисоки цени.

Би можело да ве интересира

Горивата поевтинуваат од 5,5 до 7 денари за литар

(ВИДЕО) Мицкоски: Судскиот процес во рамки на правосудниот испит ќе се симулира на македонски јазик

Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка

Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа