Мицкоски се сретна со Палмер: Антидемократски е формулирањето на референдумското прашање без компромис со опозицијата

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес заедно со партиска делегација оствари средба со заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер.

На средбата Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија за која клучни приоритети на надворешно-политички план и се членството во НАТО и ЕУ, и развој на односите со САД.

„Мицкоски потенцираше дека државата, граѓаните и надворешните пријатели на Република Македонија стануваат заложник на неодговорна и непринципиелна политика на политичкиот естаблишмент на власта, како и креираните очекувања кои сега не се во состојба да ги реализираат. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека неодговорно, и антидемократски е што власта се одлучи на чекор да заобиколи компромис и одби да ги прифати аргументите на опозицијата во однос на формулирањето на референдумското прашање, кое треба да биде производ на општ консензус, а не едностран акт на парламентарното мнозинство“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со таквото однесување се нарушуваат демократските процеси, а од една одговорна влада се очекува соработка и принципиелен дијалог за вака едно чувствително прашање“ додаде Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е клучно за Република Македонија да се фокусира на реформските процеси насочени кон создавање на посилна економија, правна држава, а се со цел зголемување на благосостојбата на граѓаните во Македонија.

Соговорниците се согласија дека процесот на Евроатланска интеграција на Македонија е единствен пат кон обезбедување на стабилност во регионот.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху им вети на Израелците победа над Иран, сега молчи за договорот

Вашингтон и Москва наскоро ќе одржат нова рунда преговори

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

Украина ќе произведува ракети „Патриот“

„Аксиос“: САД и Иран електронски потпишаа Меморандум за разбирање

Горан Наумовски

Венс: Путин има силна поддршка од руските граѓани