Мицкоски се сретна со коалициските партнери

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“.

„На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, за референдумот, како и за периодот што престои. Коалицијата „За подобра Македонија“ оцени дека договорот на Заев со Грција е отфрлен од граѓаните кои јасно и недвосмислено се изјаснија против на референдумот, оние кои гласаа против и оние кои апстинирајќи одлучија да не го поддржат. Власта воедно доживеа дебакл и го загуби легитимитетот од народот. Таквата порака од граѓаните треба задолжително да ја следи и почитува Владата, политичките партии и Собранието заедно со сите народни парламентарни претставници“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Изигрувањето на волјата на граѓаните би преставувало замирање и поништување на демократијата, додаваат оттаму.

„Коалицијата „За подобра Македонија“ ги осудува сите нерегуларности присутни при референдумското изјаснување организирано од власта. Се осудуваат чиновите на евидентно полнење на кутии, притисоци, закани и уцени на администрацијата, групно гласање, лажното преставување, вознемирување на приватните телефонски броеви на членови на опозицијата од страна на организирани кол центри, зад кој постои основано сомневање дека стои токму СДСМ и редица други неправилности. Дури и со вакви брутални притисоци владта не успеа да го протурка договорот со Грција и доживеа неуспех“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Воедно коалицијата „За подобра Македонија“ посочува дека одговорност мора да има за ваквите нерегуларности и груби злоупотреби кои не смеат да се повторат.

„За да се надмине ова, коалицијата „За подобра Македонија“ застанува зад барањата да се формира техничка влада најмалку 100 дена пред изборите, да се избере нов Јавен обвинител на предлог на опозицијата, како и да се формира посебна собраниска комисија која ќе ги испита и утврди одговорностите за злоупотребите направени при референдумското изјаснување. Изборниот процес и народната волја не смее да биде украдена. Политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“ сметаат дека референдумот е неуспех не само на договорот туку и казна за сите неуспешни и погрешни политики и неостварени ветувања на актуелната Влада. Македонија со чело на Зоран Заев е земја без иднина“, посочуваат од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски