Мицкоски: Само нелегитимен премиер може да го смета гласот на народот за нерелевантен

Од:

„Само нелигитимен премиер кој што е поставен на начин на кој што е така поставен може гласот на народот да го смета за нерелевантен. А, колку е тој релевантен ќе види на 20-ти август овдека во Тетово кога советничката листа на СДСМ ќе доживее класичен дебакл од граѓаните на Тетово. А, на следните предвремени парламентарни избори тој лично и неговите политики како нелигитимен премиер ќе доживеат дебакл од страна на граѓаните на Македонија“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рекација на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски за тоа дека барањето за референдумот на опозициската партија е нерелевантно.

Мицкоски додаде дека тој нема што повеќе да додаде како коментар на денешната изјава на Димитар Ковачевски освен да каже дека за 20-тина дена од денеска и те како гласно ќе одекне народот во Тетово, а потоа и насекаде низ Македонија. А, Ковачевски како нелигитимен премиер ќе слушне што има народот да каже.

„Од власта бегаа кога требаше да се соочат со своите колеги од опозицијата кога се гласаше за доверба на Владата, а бегаат и сега од соочување со граѓаните на референдум. Консултациите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги прави течат, многу скоро веќе на следната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе разговараме на оваа тема, но и многу скоро од денеска јавноста ќе ги знае нашите чекори кон референдумското изјаснување“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар