Мицкоски: Сакаат да не натераат да се согласиме дека до 1945 сме биле Бугари, тоа нема да прифатиме

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека нема ништо против заедничкото чествување со Република Бугарија на великанот на Македонската револуционерна борба и идеологот на македонската независност, ако се слави големиот Македонец и македонски син Гоце Делчев.

Мицкоски ова го истакна на обележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

„Ако се слави 150 годишнината од раѓањето на големиот Македонец и македонски син Гоце Делчев, немам против“, рече Мицкоски.

Бугарија не е подготвена на реципроцитет и признавање на македонското малцинство, а од нас бара вклучување на бугарското малцинство во македонскиот Устав вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Бугарија исто така не е подготвена да ја тргне понижувачката фуснота за македонскиот јазик и да признае дека е засебен и различен од бугарскиот, но и го злоупотребува членството во ЕУ за да ја уценува Македонија за да прифати заедничка историја.

– Сакаат да се обидат и да ја злоупотребат положбата што се членка на ЕУ да не натераат да прифатиме дека од среден век од првото бугарско царство се до 1945 година имаме заедничка историја и сме биле еден народ, Бугари. Тоа нема никогаш да го прифатиме, потенцираше Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта