Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој потенцирајќи дека истрагата се продлабочува бидејќи има информации и за претходни злоупотреби на средства.

– Не. Напротив. Поздравена е позитивната акција од страна на луѓето од Европската комисија, изјави премиерот Мицкоски, кој утрово беше во посета на фабриката Костал во Охрид.

Премиерот Мицкоски рече дека побарал да се блокира исплатата на парите од ИПАРД, за да се види до каде оделе злоупотребите.

– Мораме да видиме до каде одат злоупотребите. Затоа што првичните информации говорат дека тоа не е од сега туку години наназад тоа е правено, така што се ќе истражиме и секој кој што мисли дека така ќе помине се лаже. Има да одговараат сите од прв до последен. Кој сака нека биде, рече Мицкоски.

Реагираа од СДСМ.

Смешни се изјавите на Христијан Мицкоски дека наводно по негово барање биле стопирани исплатите од ИПАРД 3. Исплатите од ИПАРД не може, ниту законски, ниту процедурно, да ги стопира ниту претседател на влада, ниту министер, ниту партија.Тоа го прави Националниот овластен службеник за авторизација (НОА), институција што делува во рамки на Министерството за финансии, но работи независно, според европски пропишани правила и стандарди, велат од партијата.

Тоа значи дека НОА не постапува по налог на Владата или на Мицкоски, туку исклучиво по сигнал од Европската комисија или по внатрешна проценка за ризик на системот за контрола на исплатите, тврдат од опозициската партија.

– Мицкоски, обидувајќи се да се спаси од политичка одговорност, се поставува како „контролор“ на европски пари, а тоа е апсурд кој ја покажува неговата некомпетентност и паника. ИПАРД 3 е суспендиран затоа што Агенцијата за додлеување на ИПАРД е компромитирана со корупција, злоупотреби и партиски влијанија. Апсењето на директорот и неговите блиски соработници, поставени токму од Мицкоски и министерот Трипуновски, е директна причина за активирање на механизмот на суспензија. НОА постапува за да ги заштити европските средства од понатамошна злоупотреба. бМицкоски не може да го претстави тоа како сопствена одлука, затоа што ова е санкција од европскиот систем на контрола – не успех на Владата, туку доказ за нејзин неуспех. Ова е вторжпат во последните 15 години кога програмата ИПАРД се суспендира – и двата пати кога ВМРО-ДПМНЕ ја води Владата, се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ очекува да има и вицепремиер и министер за животна средина, позициите кои му припаѓаа на Меџити

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Владата согласно закон ќе именува повереници во општините каде изборите беа неуспешни

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД