Мицкоски првпат пратеник, во клупите и цело екс раководство на СДСМ, ќе се конституира новиот паралментарен состав

Од:

Во Собранието денеска во 11 часот треба да започне седницата на која треба да биде конституиран новиот парламентарен состав. На дневен ред на седницата се четири точки односно избор на Верификациска комисија, Верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието. Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието. Според најавите, за претседател на Собранието ќе биде предложен Африм Гаши од Алтернатива, дел од коалицијата Вреди.

Собранието ќе брои 120 пратеници, но на седницата се очекува да присуствуваат само 118 бидејќи нивните мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и им се издадени уверенија. За два мандата за кои се прегласуваше минатата среда се уште течат жалбените постапки.

Во новиот парламентарен состав најмногу пратеници има коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ – 58, коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ има 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ има исто 18 пратеници, коалицијата Вреди 14, Левица шест и ЗНАМ шест пратеници.

Се уште траат жалбените постапки за последното прегласување во селото Ларце во Желино и не се знае дали Вреди ќе го задржи добиениот мандат.

Поради кандидатурата за претседател на Собранието Африм Гаши се повлече од лидерската функција во Алтернатива, која е дел од Коалицијата Вреди. Билал Касами, претседател на Движењето БЕСА која е дел од оваа коалиција и тетовски градоначалник, пак, се откажа од пратеничкиот мандат и побара тој да не му биде верификуван на денешната седница.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски првпат е пратеник со оглед дека во претходните изборни циклус не беше на листите.

На листите ќе има поместувања со оглед дека Мицкоски ќе биде премиер, а и дел од новите пратеници ќе добијат места во извршната власт. Во пратеничките клупи седнуваат и сите од највисоките раководни тел на партијата.

Од СДСМ, пак, пратеници се поранешниот премиер и лидер на партијата Димитар ковачески и целото раководсто кое заедно со него е во оставка.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Од организатори на кафеански прослави на Ковачевски за 420 илјади евра, до главен пиар на СДС, Рејтинг на Спасов си ги одработува тендерите

СДСМ: Горда Македонија со понижени работници, ВМРО-ДПМНЕ сака евтина работна сила

СДСМ: 30 дена на Мицкоски, 30 лоши политики

Горан Наумовски

СДСМ: Тошковски да си го праша Мицкоски за тајната коалиција со ДУИ

Имотот на Јанушев СДСМ го поврзува со кинеските автобуси: За седум години сигурно ќе го затворевте ако имаше криминал одговори ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Јанушев: Нема подарен имот туку погрешно внесени податоци, паразитите кои ја руинираа зградата на владата паничат

Катерина Ѓуровски