Мицкоски: Противникот го сели капиталот, ама му порачувам, компромиси со правдата ќе нема

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од завршниот собир на партијата за овие предвремени парламентарни избори на 15 јули порача дека противникот, СДСМ, паѓа затоа што лажеше и дека гласот за Игор Јанушев во ИЕ 3 е и глас за Македонија, а овие избори се крстосница на која одлучуваме за иднината на Македонија.

„Ова не е обична кампања, ова се избори за тоа каква Македонија сакаме да имаме, друга татковина немаме. А тие имаат, си го селат капиталот затоа ќе им порачам нема компромиси со правдата. Пред законот ќе одговара секој што се огрешил“, рече Мицкоски.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ по 16 јули ќе изгради силна држава во која власта ќе работи за народот, најави дека следат промени кои ќе донесат обнова.

„Сега што имаме? Имаме трас-трас судски одлуки, не е живот кога првите луѓе од власта прават рекет, ова е битка на правдата против неправдата. На овие избори ве молам добро да размислите, гласот за ВМРО-ДПМНЕ е за подобро утре и обнова. Од вашата одлука зависи дали ќе заминат тие кои ве разочарале. Со негласање им давате право на оние кои ве разочарале да продолжат со истото. Нема идеална влада, но ви давам збор ќе работиме. Коцкање е кога му давате шанса на оној кој ве разочарал, не верувајте на нивната пропаганда да зборат за минатото, со тоа сакаат да избегаат од нивните грешки“, кажа Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Заев и СДСМ остануваат во минатото и се осврна на она што следи.

„Денес е надојден Вардар ги носи сите злодела, корупцијата… Многу луѓе ни приоѓаат, а јас сакам да кажам дека вратите се отворени на ВМРО-ДПМНЕ за сите. По победата мора да си ја обновиме земјата, не смееме да се помириме со просечноста“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за нов државен јавен обвинител

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците