А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Мицкоски бара исполнување на четири услови за датум за избори

by Кристијан Ландов12/05/2020 - 16:4612/05/2020 - 18:26813
Share0

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека неговата партија има четири услови кои треба да бидат исполнети за да се одржат предвремените парламентарни избори. Според него, на лидерската средба бил реафирмиран ставот дека датумот за избори треба да се одреди консензуално.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Имајќи во предвид како се одвиваше дискусијата во еден момент предложивме план како да дојдеме до кредибилен изборен процес, а притоа, здравјето на граѓаните да не биде загрозено, граѓаните да не бидат изложени на вирусот Ковид-19, а со тоа да ги заштитиме што е можно повеќе човечките животи, а воедно, да обезбедиме кредибилни, фер и демократски избори.

Предложивме план во неколку чекори. Ако се водиме од ставот дека здравјето на граѓаните дека ние најважно, тогаш треба да се консултираме со Комисијата за заразни болести и никој од нас не треба да го проблематизира нивното мислење во насока на тоа дали и какви мерки треба да се спроведат. Мерките кои ќе бидат во текот на тој процес да гарантираат фер и кредибилен изборен процес. Втората работа е консултации со ДИК за времето неопходно да се спроведе овој фер и кредибилен процес, под услов првиот чекор да е исполнет. Понатаму, да се оствари комуникација и контакт со ОПСЕ и ОДИХР во делот на организирање на набљудувачка мисија. И како четврто, откако ќе ги имаме овие константи, можеме да зборуваме за прва возможна дата кога да се одржат изборите“, кажа Мицкоски.

За планот кажа дека бил прифатен од страна на учесниците на лидерската средба, а за изборите потенцираше дека не сака да биде премиер ако еден загубен живот е цената која треба да ја плати неговата партија.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Ако еден човечки загубен живот е цената со која што треба ВМРО-ДПМНЕ да победи на следните предвремени парламентарни избори, а јас да го добијам премиерскиот мандат, тогаш одбивам да бидам дел од таквата процедура. Тоа е во согласност со сите ставови со кои изминатите денови политичките лидери излегуваа во јавност, дека не е важен изборниот процес и изборите, туку важно е пред и над се, здравјето на граѓаните. Тоа беше нашата позиција од самиот почеток. Имаше и такви позиции кои го определуваа датумот, а потоа, велеа дека Комисијата за заразни болести треба да каже дали и како ќе се спроведуваат мерките и изборите, што го оценивме како незрело и несериозно“, рече Мицкоски.

izborikoronavirus mkdliderska sredbamickoski

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски31/08/2026 - 11:3531/08/2026 - 11:35

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски31/08/2026 - 09:5631/08/2026 - 10:31

Мицкоски: Исполнуваме клучно ветување – се гради автопатот Скопје – Блаце

Горан Наумовски26/08/2026 - 12:39

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 09:2326/08/2026 - 09:35

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 13:19

(ВИДЕО) Филипче: Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината

Горан Наумовски21/08/2026 - 13:2621/08/2026 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео