Мицкоски: Предложениот закон за ЈО е за амнестија на Заев и за дел од поранешното раковоството на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Насилничкото и шверцерско туркање на законот за Јавно обвинителство ја потврдува намерата на Зоран Заев за бегство од одговорност за скандалите, криминалиите и аферите кои се врзуваат со основани сомнежи за злоупотреби и стравот на власта од пораз на изборите, кажа на прес конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

„Прво, Заев со законот за Јавно обвинителство со кој се сака да не важат прислушуваните разговори спроведува операција за амнестија, и тоа амнестија лично за Зоран Заев и членови на неговото семејство, амнестија за раководството на неговата партија и функционери од коалициската влада за кои постојат сомнежи дека се силно инкриминирани во нелегални активности и амнестија конечно за помал дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, поточно за оние кои се во негово заложништво и решија да одработуваат за негови интереси“, рече Мицкоски.

Според него, со новиот закон се устоличуваат, како што рече, егзекутори на наредбите на Заев во обвинителството, Русковска и Јовевски, кои сега се предлага да може да се сменат исклучиво со 2/3 мнозинство од Советот на јавни обвинители, во услови кога знаеме дека Советот поради партизираноста која ја направија е под директна контрола на СДСМ.

Ова е типичен пример на монархистички закон, рече Мицкоски, според кого, Русковска и Јовевски му требаат на Заев да продолжат да ги исполнуваат неговите наредби и за да продолжи селективната правда и амнестија на криминалот.

Трето, додаде Мицкоски, на секој еден правник му е совршено јасно дека станува збор за противуставен закон.

„Закон со кој ќе се спроведува селективна правда, односно неправда, каде прислушуваните материјали нема да важат за Заев нему блиските соработници и слуги, но за други ќе важат“, рече тој.

Тој вели дека ако е вистина она што го кажал денеска пратеникот Груби дека се бара бадинтер за избор на државен јавен обвинител е, како што рече, исто така уште еден еклатантен пример како Владата го крши Уставот.

„Бидејќи согласно Уставот, амандманот 30 јасно се кажува како се избира државен јавен обвинител и како се реизбира. Тука не е предвиден бадинтер“, рече Мицкоски.

Според него, Заев со овој закон покажува страв дека се плаши од разговори кои ќе го докажат неговиот криминал, и сега сака тоа да не биде користено за доказ при судска постапка.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Да ја вратиме Македонија на граѓаните затоа што сега е ограбена, понижена, затоа излезете масовно и заокружете за Македонија повторно горда и Македонија повторно твоја

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов

Мицкоски: Власта спрема сценарија за изигрување на изборната волја на народот, најефикасен одговор за нивната завера е масовно гласање

Мицкоски: И Ковачевски и Ахмети на чело да тетовираат знаме на ЕУ и да се качат на врв на зградата на ЕУ, тие не стануваат тоа зошто до гуша се во криминал

Мицкоски од Чаир: На Македонија и треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини

Ковачевски: Мицкоски мисли на мораториум за членство во ЕУ