Мицкоски предлага Пендаровски веднаш да прогласи вонредна состојба

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му предлага на претседателот на државата Стево Пендаровски веднаш да прогласи вонредна состојба за заштита на граѓаните од корна вирусот.

-Апелирам до Пендаровски да прогласи вонредна состојба во Македонија што поскоро и да не се губи време. Да не навлегуваме во правните проблеми, туку да навлеземе во решавање на проблемите на граѓаните и заштита на нивното здравје, рече Мицкоски на денешната прес-конференција пред седиштето на партијата.

Тој и порача на Владата да не се грижи за ПР, туку за здравјето на граѓаните и нагласи дека веднаш по прогласување на вонредната состојба да донесе одлуки за заштита на бизнисот и компниите.

-Во клучните два месеца очекуваме негативното влијание на економијата да изнесува 220 милиони евра или месечно да се губат по 110 милиони евра. Денеска Владата излезе со пакет мерки од некоја си кредитна линија од пет милиони евра што не е доволна. Ако не помогне државата ќе значи банкрот за многу компании, рече Мицкоски.

Побара веднаш по прогласувањето на вонредната состојба да се донесат владини одлуки со законско дејство.

-Потребно е замрзнување на обврските на компаниите кон државата чија работа е погодена со новонастанатата сосотјба со корона вирусот. Замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодавателите за март, како и државата да ги ослободи компаните од торшоците за придонеси за вработените во секторите туризам, угостителство, текстилната, кожарска индустрија и сите погодени со корона вирусот, потенцира Мицкоски.

Тој посочи дека претстои сериозна здравствена, санитарна и економска криза и препорача Владата да обезбеди бесплатни маски за граѓаните и да ги казни компаниите кои пробуваат енормно да ги зголемат цените.

-Владата мора да ги награди медицинскиот персонал, докторите и сите останати служби што се на првата линија на борба со пандемијата, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било