Мицкоски по средбата со Ахмети: Предвремени избори час поскоро, во преговорите со Бугарија да не се коленичи

Од:

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети, вели дека разговарале за две теми.

„Разговаравме за две теми генерално, еден час траеше средбата, првата тема беше спорот со нашиот источен сосед каде што јас ги повторив нашите тези принципиелниот став да се почитува Резолуцијата усвоена од Парламентот, од сите политички партии и изразив загриженост поради фактот што колку повеќе ги напуштаме нашите преговарачки позиции, толку повеќе барањата од нашиот источен сосед се поголеми и на тој начин само се уништува преговарачката позиција и ништо не се добива за возврат.

Јас лично и ВМРО-ДПМНЕ цениме дека треба да се напушти принципот на коленичење и сервилност, треба да се покаже карактер и да се вложиме максимално сите за да го покажеме тој карактер тоа е она коешто е моја порака, како и тоа дека доста е од срамови и понижување, народот е фрустриран затоа што многу отстапки направи во оваа наша независност, а во суштина уште сме во предворјето и не можеме да го почнеме тој процес на преговори. Тоа е нашата принципиелна позиција и таа позиција подготвен сум да ја бранам и со факти и со аргументи било каде и пред било кој.

Втората тема којашто ја зборуваме беше темата за предвремени парламентарни избори. Имајќи во предвид дека како ВМРО-ДПМНЕ можеби бевме и предмет на критика од страна на јавноста, бидејќи бевме некако молчаливи изминатиов период и не бевме присутни во јавноста само со една цел, да не си најде некој изговор дека ете ВМРО-ДПМНЕ е виновно зошто ние не ја добиваме датата за почеток на преговорите. Но, сега веќе кога и повеќе од јасно дека поминува и декември месец, се бараат некои нови шест месеци за преговори, едноставно последниот адут којшто го имаше оваа Влада заминува во неповрат.

Имајќи ја во предвид состојбата во општеството, криминалот и корупцијата нефункционалните институции, недисциплината, лошата економска и енергетска состојба во земјава и уште многу други фактори коишто негативно влијаат, мојот став е дека само со сериозен ресет на системот, многу макотрпна работа и нови луѓе можеме да излеземе од оваа кризна состојба од којашто се наоѓаме, а за тоа се потребни предвремени парламентарни избори. Така што јас го кажувам мојот став не ставот на господинот Али Ахмети, дека предвремени парлaментарни избори се потребни час поскоро од овие причини и овие аргументи кои ги имаме. Сепак во моментов ВМРО-ДПМНЕ е најголема пратеничка група со најголем број на грaдоначалници и советници, има политичко право и кредибилитет да бара предвремени парламентарни избори бидејќи победи на два пати на локалните избори и во првиот и вториот круг убедливо“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски