Мицкоски: Ова што се случува е национален проект на СДСМ на уништување на Македонија

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Чаир, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.

Мицкоски пред насобраните кажа дека ова што се случува е национален проект на СДСМ на понижување, омаловажување и уништување на Република Македонија, а паралелно има процеси преку уценети и инструирани структури кои се обидуваат да се нанесе сериозен удар врз ВМРО-ДПМНЕ и врз самите членови.

Мицкоски посочи дека според „Транспаренси Интернешнл Македонија“ е падната за 50 места или на 112 место на индексот на корупција што не сместува некаде со Танзанија и Етиопија. Мицкоски исто така ги посочи процесите што се водат против ВМРО-ДПМНЕ и против членовите под раководство на „Кацарска судството“ и на „Рускоска обвинителството“.

„Ќе се појави некој сведок кој ќе каже како тоа ВМРО-ДПМНЕ било вакво или такво и како пратично ВМРО-ДПМНЕ се претстави во јавноста како злосторничка органзација за да им се даде потоа правен легитимитет за овие структури да можат да нанесат удар врз ВМРО-ДПМНЕ и практично да го забранат ВМРО- ДПМНЕ да постои. Затоа што така ќе бидат најсигурни. Тоа е проектот кој го прави СДСМ преку своите структури во судството, обвинителството со нарачани сведочења и решението е да се побара правен основ да не постои повеќе партијата“, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски ги наброја сите неуспеси на оваа Владата во полето на здравството, образованието, труд и социјала реформи односно сите оние работи кои ги ветуваа за време на парламентарни и локалните избори за кои немаат никакви резултати. Дури и тие што им беа оставени ги сопреа.

Мицкоски се осврна и на протестите кои се организираат против оваа власт. Тој притоа кажа дека има притисоци и закани за губење на работните места кои е свесен но дека и покрај ваквата ситуација според него мора да се покаже пркост и дека не може да се остане нем и глув по се ова што ни се случува.

„После првиот наш протестен марш што ни се случи пред владата минатата среда 15 луѓе кои сосема случајно учестувале и биле присутни на тој марш во 6 утрото имаа рација од страна на МВР. Денеска истото се случува ширум македонија. Имаме докази за претреси во Велес, Охрид и тоа повторно со наоружани припадници на МВР и им се одзимаат нивните лични предмети“, рече Мицкоски.

Мицкоси го спомна скандалот со новото прислушкување на судиите и јавните обвинители и притоа запраша како може да им се верува на нив и во нивната независност. Тој посочи дека потребна е поддршката од нашите сограѓани и дека повеќе не смее да се излезе со ветувања за она што не може да се исполни.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски