Мицкоски-Орбан: Унгарија ќе ја поддржува Македонија кон евро-атлантските интеграции

Од:

Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот Александар Николоски, оствари средба со Премиерот на Република Унгарија и лидер на владејачката партија ФИДЕЗ, Виктор Орбан, кој беше придружуван од министерот Антал Роган.

На средбата, досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕЗ беше оценета како одлична и од двете страни се потенцираше дека истата треба да продолжи да се развива и во иднина. Премиерот Орбан изрази целосна поддршка за новото раководство на партијата.

Претседателот Мицкоски и Премиерот Орбан разговараа и за односите помеѓу Република Македонија и Република Унгарија, при што јасно беше изразена недвосмислена поддршката од г-дин Виктор Орбан за Република Македонија на својот пат кон евро-атланските интеграции.

Без разлика што делува како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги користи сите свои контакти и пријателства за промоција и и забрзување на евро-атланските интеграции на Република Македонија.
Претседателот Мицкоски го информираше г-динот Орбан за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, потенцирајќи дека власта врши политички терор врз своите неистомисленици. На средбата беше посочено дека Македонија назадува и на економски план и на полето на демократијата со целосно нарушен систем на владеење на правото како основен столб на здравото општество. Како посебен проблем беше разговарано и за слободата на медиумите кои се под притисок во врска со критичкото опсервирање на владините политики.

Орбан и Мицкоски заклучија дека соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕЗ и понатаму ќе продолжи да се развива насока на продлабочување на пријателските односи, како и во насока на споделување на искуствата помеѓу двете партии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но не се добри за државата

Маѓар: Приведен e братот на Виктор Орбан, осомничен е за трговија со луѓе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Судскиот процес во рамки на правосудниот испит ќе се симулира на македонски јазик

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема