Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Од:

Обвинувањата од опозицијата за состојбата со пожарите, според премиерот Христијан Мицкоски се лаги и невистини и обид да се добијат политички поени. Во изјава за медиумите дадена денеска при посетата на Куманово, Мицкоски рече дека опозицијата се занимава со лаги и конструкции и дека тие лаги ќе продолжат и во иднина.

– Опозицијата тоа го прави бидејќи мисли дека на тој начин со таа стратегија ќе добие политички поени и ќе добие поддршка од граѓаните. Дури и да е точно сето тоа што тие го коментираат, а ништо не е точно, тогаш се поставува вистинското прашање што прават тие за да помогнат во процесот. Тие не прават ништо, тие се заминаваат со некрофилија, конструкции и лаги, но тие ќе продолжат бидејќи немаат програма, визија, идеја. Ние имаме јасна програма, јасна стратегија како треба понатаму да работиме – чесно, одговорно, посветено и како што кажав многу пати досега, ќе победиме на крај, рече Мицкоски.

Во однос на пожарите информираше дека под целосна контрола се пожарите во Трубарево и Вардариште, а во Дрисла денеска треба да заврши затрупувањето на мал дел што останал.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски