Мицкоски од Виница: Како опозиционер Заев гордо бараше дуел, а сега не сака да излезе да зборуваме

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, синоќа оствари средба со членови и симпатизери на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Виница.

На средбата Мицкоски истакна дека во Република Македонија владее црнило и темнина, односно како што рече тој владата на СДСМ и Зоран Заев на граѓаните наместо живот за сите кои што им го ветуваше им донела чемер и јад, омраза, гнев, уцени и закани.

Мицкоски посебен акцент стави и на македонската економија, потенцирајќи дека владата на СДСМ водела расипничка економска политика, додавајќи дека и самите граѓани го гледаат тоа.

– Имаме црнила за земјоделците. Имаме црнила во економијата, во здравството. Имаме црнила во образованието. Луѓето се селат, Македонија се празни. Национално се опустошува. Парче по парче се разграба. Веќе имаме политичари кои се докажаа дека не се кадарни да ја водат државата, а се докажаа дека не се кадарни да ја водат државата затоа што не знаат како да ги организираат самите институции во рамките на Владата, вели Мицкоски.

Претседателот пред присутните објасни зошто Зоран Заев бега од ТВ дуел и јавно соочување со него пред граѓаните на Македонија. Според него, граѓаните имаат право да ја слушнат вистината за неспособноста и негрижата од страна на Зоран Заев и СДСМ за граѓаните.

– Како опозиционер се перчи гордо излегува и кажува луѓе дајте да имаме дуел, дебата меѓу опозицијата и премиерот, а еве сега кога им бараме дебата да излезат заедно, рамо до рамо со овие кои што им се приклучија да ги избрифираат да им кажат за нашите вмровски работи, па и за тоа да збориме. Да збориме и за сите овие промашувања и шарени лаги во програмата „Живот“, еве гледаме сега не сакал да излезе, вели нека го каже Христијан Мицкоски неговиот став за договорот и за НАТО и за ЕУ, а досега едно сто пати сме го кажале нашиот став за договорот, сме го повториле и не знам што треба уште повеќе да кажеме дека строго ќе бидеме, сме биле и ќе останеме против Преспанскиот договор. Повеќе од тоа, појасно и погласно не знам што треба да направиме. Но стравот е голем затоа што знаат дека ја губат поддршката од народот, знаат дека се што ветија излажаа, народот тоа го препознава. Играа на картата на кратко помнење, но тоа ќе им се удри од глава веќе на следните претседателски избори, заврши Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Нова измама: Лажен лекар од жена зема 12.400 евра

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски