Мицкоски очекува ново парламентарно мнозинство, раководството ќе одлучувало дали ќе се бараат и парламентарни избори

Од:

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја разгледува опцијата за барање на нови парламентарни избори, соопшти Христијан Мицкоски, лидер на партијата. Втора опција за него е формирање на ново парламентарно мнозинство, на што доби аплауз од партиските симпатизери, членови и кандидати за градоначалници.

Прашан со кого би го формирал мнозинството тој посочи: „120 пратеника има македонскиот парламент. За мнозинство се потребни 61. Тоа значи дека 61 од 120 е многу брзо за да се формира“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека очекува мнозинство во советите во повеќе од 50 општини, вклучително и Градот Скопје. За него, сигурно е дека 20 градоначалници имаат предност, без Аеродром и Кисела Вода, а во други 20 се првопласирани.

Прашан дали во втор круг би го поддржале Максим Димитриевски за градоначалник на Куманово, кој е независен кандидат, Мицкоски рече: „Јас сум оптимиста дека Тони Михајловски ќе влезе во вториот круг“.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски