Мицкоски: Ни донесоа црнила и темнина, ќе дојде денот кога ќе се срамат и ќе одговараат пред судот на народот

Од:

„Владата предводена од Зоран Заев jа завитка Македонија во црнила, го уценува народот и му го менува идентитетот, заради што мора да поднесе оставка и да си замине од власт, оти ќе биде казнета за своите криминални постапки“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на протестот што се одржа во Кочани.

Според Мицкоски, време е да се стави крај на лажните ветувања за земјоделците дека ќе им биде откупен оризот и другите производи, како и за пензионерите на кои наместо да им се зголемат, пензиите им се намалени.

„Црнила создава оваа власт за работниците, за младите, за професорите во училиштата и за лекарите во болниците кои масовно се иселуваат поради неисполнетите ветувања за плати од сто илјади денари. Домашната економија е во постојан пад, а расте само онаму каде што има странски инвеститори кои СДСМ ги напаѓаше, клеветеше и ветуваше дека ќе ги избрка од државата. Нема ништо од повратот на ДДВ, ниту пак тринаесетта плата, а со новите и покачени даноци народот одвај врзува од први до први. Наместо тоа, сакаат да сменат уставното име на државата, а ако ги критикувате ќе дадат наредба да ве испрашуваат и да ве апсат, само затоа што сте горди Макеоднци и си ја сакате државата. За да влеземе во Европа не треба да го менуваме името, туку ние да се европеизираме, односно да престанат криминалот, корупцијата и прислушувањето во судството“, истакна Мицкоски.

Од протестот во Кочани, претседателот на најголемата опозициска партија испрати неколку барања за кои рече дека произлегуваат од народот.

„Бараме оставки од министерот за надворешни работи кој својот народ го нарече „искомплексирана нација“, како и од министерот за терор и прогон, односно за полиција, затоа што спроведува само шпионски акции, претреси и омаловажување на граѓаните. Исто така, бараме да запре иницијативата за покачување на даноците и да престане осиромашувањето на бизнисот и граѓаните. Да се преземат мерки за намалување на загадувањето со гасификација на Македонија од центртално до општинско ниво. Најнакрај, бараме да се формира независно тело, чиј претседател ќе го предложи опозицијата, а кое ќе ги преслуша, анализира, систематизира сите материјали што се собрани во изминатите две години како резултат на црниот Вотергејт на Заев, односно прислушкувањето на сите судии и обвнители, за да се откријат нарачаните обвиненија за членовите на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Мицковски.

На крајот од обраќањето пред граѓаните во Кочани, лидерот на опозицијата рече дека протестите ќе продоллжат, а злоделата што ги прави власта нема да и бидат заборавени, поради што таа ќе ја добие заслужената казна на првите наредни избори за претседател на државата.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски