Мицкоски: Немаме намера да почитуваме едностран договор со Бугарија потпишан од влада без кредибилитет

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјавата после средбата која ја оствари заедно со градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, со Регионалната стопанска комора, одговарајќи на прашање за тоа дали ќе подржи евентуален договор кој би го потпишал Заев со Бугарија, рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да почитува договор едностран договор на штета на македонскиот народ потпишан од влада којашто е без кредибилитет.

„Информациите кои што ги добиваме се навистина алармантни. Зоран Заев во заминување е подготвен да потпише нов договор, иако не убедуваше дека ги решил сите прашања со нашите соседи, во којшто делумно или целосно ќе ја прифати резолуцијата освоена од бугарскиот Парламент во ноември месец 2019 година ако не се лажам. Тоа преставува комплетно асимилирање на македонскиот народ и директен удар врз идентитетот на македонскиот народ. Бидејќи е во заминување, загрижен сум дека може да го направи овој потег на самото заминување, а последиците понатаму сите ние да ги плаќаме. Имајќи ја предвид неговата состојба во моментот и неговите односи во Владата и коалицијата со ДУИ, да бидам попрецизен коалицијата со Али Ахмети и со Артан Груби, се сомневам и загрижен сум дека овие информации се вистинити и дека тоа може да се случи. Затоа, мојата порака беше до новата влада кај нашиот источен сосед и до претседателот Радев дека овој едностран договор на влада којашто е без кредибилитет, бидејќи беше жестоко поразена на изминатите локални избори, ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да го почитуваме затоа што тоа ќе значи директен удар врз идентитетот на македонскиот народ и директен удар со цел асимилирање на македонскиот народ. Нешто што нема никаква врска со вредностите на 21 век и нема никаква врска со вредностите на Европската Унија“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара со секого за се она што нуди прогрес и иднина и дека нема да прифаќа никакви уцени.

„Подготвени сме со секого да разговараме за тоа што е пред нас, а не за тоа што е позади нас. Да разговараме за добро образование, да разговараме за туризам, да разговараме за инфраструктурно поврзување, да разговараме за сето она што нуди прогрес и нуди иднина. Да не се враќаме во минатото затоа што тоа се теми коишто се болни на Балканот и нема да прифатиме никакви уцени и ќе ги повикаме нашите пријатели во Брисел да не подржат бидејќи ние сме луѓе коишто сакаат да споделуваат европски вредности за иднината, а не за минатото“, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: На Македонија не и треба претседател како Пендаровски измеќар на Али Ахмети, туку достоен претседател како што професорката Гордана Силјановска Давкова

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

Мицкоски: Не прифаќаме избор на претседател во Собрание

Мицкоски: На овие избори изборот е меѓу тоа Македонија да биде повторно горда или Македонија каква што ја сакаат ДУИ и измеќарите од СДСМ

Мицкоски до Ковачевски: Подобра тетка ти Жана да ја кандидираше, би била подобар кандидат за претседател од поданик на ДУИ, Стево Пендаровски

Предраг Петровиќ

Мицкоски од Тетово: Пендаровски да каже какви планови коваше во вила Водно со Артан, Ковачевски, и Ахмети поврзано со измените на кривичниот законик и евентуална амнестија на поранешни политичари

Предраг Петровиќ