На 2 ноември да излеземе масовно и да гласаме по сопствено убедување, само излезете и гласајте, но убеден сум дека ако длабоко размислиме и ако гласаме според разум и срце, тогаш сигурен сум дека кога ќе бидете со пенкалото во рака пред гласачкото ливче ќе го заокружиме бројот 9 и ќе гласаме за победничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Негласањето не опција и начин да се изрази незадоволството. Ова беше главната порака на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбите со граѓани во Зрновци и Чешиново-Облешево.
-Да дадеме поддршка за проекти кои се случуваат во општина Зрновци да продолжат. Како Влада и како коалиција сме благодарни што излеговте и што го дадовте гласот за Борче. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата веќе имаат 33 градоначалника, во вториот круг уште во 26 општини сме во најголемиот дел првопласирани, во мал дел само во пет или шест општини сме второпласирани, разликата се мери во десетици гласови. Сметаме дека довербата ќе ја имаме во вториот круг и ќе дојдеме до бројка од 59 градоначалници и кога на тоа ќе се додаде главниот град и 58 победи во општини каде што во советот победија нашите советнички листи, доаѓаме до фантастична бројка од 60 општини од вкупно 80, нешто што досега ниту една политичка партија не го направила. Ние сме благодарни за тоа и тоа што народот и граѓаните го препознаа дека политиките што ги води оваа влада се реформски и политики што водат напред и политики што ги испорачуваат дадените ветувања, порача Мицкоски од Зрновци.
Потсети дека како Влада во изминатите 15 месеци сето она што го дале како ветување го исполниле – поголеми пензии, средства од буџетот за општините, буквално, како што рече Мицкоски, сите оние политички ветувања дека нема да се попушта по националните прашања, дека нема да има криминал и корупција нешто што досега не се случило во Македонија, 16 месеци нема ниту една афера ниту едно основано сомневање.
-Од друга страна ја гледате опозицијата, водеше црна кампања, тоа не беше препознаено од граѓаните, беше отфрлено и затоа се тие таму каде што се. Така што мојата молба до сите вас да излеземе да ја искористиме шансата на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9, за да можеме заедно како влада да продолжиме со реформските проекти заедно со проектите за Зрновци, сакам на крајот да кажам дека Борче ја има мојата недвосмислена поддршка, исто како што ја има поддршката од Владата и очекувам победа во Општина Зрновци и да продолжиме со реализирање на проектите, кажа Мицкоски.
На средбите со жителите на Чешиново-Облешево тој исто така упати апел да се излезе да се гласа на 2 ноември, посочувајќи дека негласањето не е начинот да се изрази незадоволството, ниту пак да се пркоси на нештата.
-На тој начин никого не го казнуваат тие што ќе одлучат дома да останат, туку тие се казнуваат најмногу себе си, Чешиново Облешево, и Македонија како држава, а услуга прават на некои други политичари од типот на Али Ахмети и останатите, рече Мицкоски.
Тој рече дека ќе продолжат како Влада да даваат најголема поддршка за земјоделците овој крај.
-Последната порака која исто така сакам да ја кажам е фактот дека најголем дел од жителите на Општина Чешиново Облешево се луѓе кои се занимаваат со земјоделие. Ние ќе продолжиме и ќе ја надградиме нашата поддршка што се однесува до земјоделците. Јас лично како претседател на Владата сум ваш пријател и партнер, би сакал во текот на утрешниот ден кога ќе биде тука и министерот за земјоделие да сето тоа што треба во периодот што следи да го завршиме и убеден сум дека на тој начин сите ние ќе излеземе како победници од ситуацијата во која се наоѓаме. И покрај сите предизвици и покрај лошата и наследена ситуација посебно со АД Водостопанство, успеаваме изминатиот период да обезбедиме количини кои ќе бидат доволни и за наводнување, што се потребни на земјоделците во рамките на можностите, дури и повеќе од тоа што можеме и убеден сум дека така ќе продолжиме и во периодот што следи, рече Мицкоски.
