Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

Од:

Владата е стабилна, силна, има речиси двотретинска поддршка во рамки на Парламентот и очекувам да продолжиме со коалицијата Вреди од онаму каде што излезе поранешниот министер за здравство, изјави премиерот Христијан Мицкоски по посетата на ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство Скопје.

Прашан кои функционери од Алијанса остануваат со партијата Вреди, Мицкоски рече дека тоа се стратешки теми за коишто ќе се разговара дополнително.

– Бидејќи следат локални избори, потребно е да се гледа пошироко во целиот контекст, не е едноставно. Но она што е важно е дека Владата е стабилна, силна, има речиси двотретинска поддршка во рамки на Парламентот и очекувам да продолжиме со коалицијата Вреди онаму каде што, би рекол, излезе поранешниот министер за здравство кој за жал, ја промени реториката во последните неколку денови и сега е во прегратките на оние кои повеќе од две децении го криминализираа општеството, но тоа е негова одлука, рече Мицкоски.

Во однос на средбата на Таравари во Тирана со Еди Рама, Мицкоски рече дека уште вчера знаеле дека таа средба ќе се случи.

– Претпоставувам една од темите на која што се разговара е случувањата во регионот и поблиската соработка меѓу двете земји. Така што така би коментирал, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците – Образованието на албански јазик е право за кое не се преговара

ДУИ: Мицкоски измислува непостоечки уставни одредби и закони за да го оправда исклучувањето на албанскиот јазик

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките

Мицкоски: Владата ги исполнува обврските од Реформската агенда, а билатералните прашања не се дел од тие обврски

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите

Мицкоски: Ние сме „фронт-ранери“ во реформската агенда, Албанија и Црна Гора не одат пред нас