Мицкоски на лидерската побарал датумот за избори да се утврди со консензус

Од:

На лидерската средба во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обидел да избегне дискусија за датумот на зборите, но подоцна во текот на разговорите барал токму датумот за избори да се утврди со консензус, велат за „А1он“ извори присутни на средбата.

Мицкоски рекол дека има доверба во Комисијата за заразни болести и во техничкиот премиер.

Лидерската средба почна во 13 часот и се уште трае. Се разговара за терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ширењето на ковид-19.

Лидерите исто така се очекува да зборуваат и за евентуално продолжување на вонредната состојба, за состојбата со коронавирусот во земјата и препораките на здравствените власти, и како да се спроведе кампања и гласање, а да се заштитат граѓаните.

На средбата беа поканети претседателите нa политичките партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.
Пред почетокот на средбата министерот за здравство Венко Филипче на прашање за датум за изборите рече дека ни следи мирен период во однос на коронавирусот, а сликата наесен дополнително може да ја искомплицира сезонскиот грип.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар